ПОВИК ЗА СПОНЗОРИ, ИЗЛОЖУВАЧИ И ПОСЕТИТЕЛИ ЗАЧУВАЈТЕ ГО ДАТУМОТ!

Site Map

Current page our website
 

Blog

News and stories
  

ПОВИК ЗА СПОНЗОРИ, ИЗЛОЖУВАЧИ И ПОСЕТИТЕЛИ ЗАЧУВАЈТЕ ГО ДАТУМОТ!

Канабисот е иднината! Грција има нов закон за одгледување на коноп од 2016 година, канабисот беше дозволен за медицински цели во јули 2017 година и во тек е реформа на законите за дроги, со која се дозволува легално, под лиценца, производство и преработка на канабис за медицински цели и се очекува да биде донесена до Декември 2017 година. Изгледите за бизнис и инвестиции се феноменални.

Па така, водачите на движењето за легалицијата на канабисот од последните 15и бизнис-секторот за канабис во Грција, заедно со некои од ајпознатите активни канабис иницијативи, групи на пациенти и меѓународни мрежи, одлучија да го отворат патот за ефикасна регулација на канабисот и за одржлив развој на грчката канабис индустрија. Се роди изложба која ги поврзува бизнисот и науката.

"BALKANNABIS EXPO" има за цел да стане фокусна точка за вмрежување на познавачите на канабис и бизниси во Југоисточна. Европа преку обезбедување на редовно место за средба за размена на квалитетни занаети и најсовремени технологии, експертиза и отворено знаење во врска со коноп и медицински канабис.

BALKANNABIS EXPO ќе биде домаќин на врвни трговци со продукти од канабис, иноватори, експерти, професионалци од индустријата, креатори на политики, активисти и научници од целиот свет во богата и разновидна тридневна програма (1-3 јуни 2018 година) која ќе вклучува две меѓународни конференции (MedCannabis Science & Athens Hemp Summit) со клучни говорници; работилници од областа на канабисот; голем изложбен простор и меѓународен трговски настан; простори за вмрежување; курсеви; простор за продажба; музика и други уметнички изведби.

Поради блиските врски со меѓународните движења за легализација на канабисот и бизнис-секторот за канабис, организаторите на BALKANNABIS EXPO очекуваат да бидат домаќини на повеќе од 100 изложувачи што го претставуваат врвот на глобалната индустрија за канабис и повеќе од 24 експерти, професионалци и научници кои ќе придонесат за двете меѓународни конференции, работилници и курсеви. Таргетираната и широко распространета маркетинг кампања (национална и меѓународна - ЕУ, Балкан, Турција) има за цел да привлече повеќе од 10.000 посетители во текот на трите дена на саемот.

СПОНЗОРСТВА

Нудиме различни спонзорски пакети со зголемувачки бенефиции. Сите спонзори ќе имаат значителни можности за промоција и ќе бидат прикажани со нивните логоа и веб-страници на веб-страницата на BALKANNABIS EXPO, социјалните медиуми, кампањата за информирање на медиумите, печатен и рекламен материјал, како и на специјалниот каталог на Expo (обоени A5 слободно дистрибуирани до посетителите на изложбата - 15.000 примероци). Главниот спонзор ќе добие значителни предности за рекламирање на самото место. Ве молиме погледнете ја пријавата за спонзорство (Sponsoring Application) за детали на пакетите за спонзорирање и нивните бенефиции.

ИЗЛОЖУВАЧИ

Изложбените можности ќе бидат прилагодени за секоја компанија или организација, врз основа на нивните преференци за објекти и мебел (ве молиме проверете ја апликацијата за изложувачи). Изложбата на BALKANNABIS EXPO обезбедува единствена можност да се развијат нови можности за бизнис, воспоставување на односи со клиенти, брендирање на името на вашата фирма и да ја запознаете публиката со вашата организација или движење.

Покрај тоа, можностите за рекламирање се достапни преку разни начини (знамиња, банери, торби со подароци, итн) во објектите на Експо, ве молиме проверетете ја пријавата за реклами (Advertisement Application).

BALKANNABIS EXPO ќе се одржи во центарот на Атина, веднаш до историскиот центар, во реновиран, повеќенаменски културен и изложбен простор (TECHNOPOLIS City of Athens) со лесен пристап до јавниот транспорт и популарен јавен профил. Опциите за сместување ќе да бидат достапни по различни цени во хотелите во близина.

Настанот се реализира под покровителство на префектурата Атика, општина Атина и Генералниот секретаријат за индустрија - Министерство за развој.

BALKANNABIS EXPO ги поздравува спонзорите и изложувачите (компании и организации) од сите сектори на индустрискиот коноп и медицинскиот канабис: одгледување / производство, производство /обработка, пакување, дистрибуција / тргување, тестирање и анализа, маркетинг / брендирање, семиња, технологии за растење и екстракција, природни ресурси и производи, информации и свесност.

Зошто да го подржите 1-от BALKANNABIS EXPO?

Не ја пропуштајте единствената можност за поддршка и учество во историски настан што ќе биде централна точка за пазарот на канабис на Балканот и Југоисточна Европа. Посетителите ќе имаат шанса да ги запознаат професионалците, трговците, одгледувачите, производителите, дистрибутерите, активистите, научниците и политичарите од глобалната индустрија за канабис. BALKANNABIS EXPO ќе обезбеди безбедна и пријателска постава за вашите деловни состаноци и вмрежување, како и плодна почва за промовирање на вашиот бизнис и трговија и навлегување на нови пазари.

Грција нуди значителни инвестициски можности и можности за трговија на пазарот за индустриски коноп и медицински канабис поради својата стратешка локација, клима и геоморфолошки услови, како додаток на новата и инклузивна институционална законска рамка.

Со новите закони за медицински канабис и коноп за индустрија, Грција ќе игра стратешка и одлучувачка улога за воспоставување на индустријата на Балканот. Балканскиот регион може исто така да игра значајна улога во снабдувањето и извоз на значителни количини на суровини од коноп, што претставува засилен нов пазар. Извозните потенцијали за медицинскиот канабис на Грција буквално ќе експлодираат во годините што доаѓаат и веќе постои значителен инвестициски потенцијал и интерес.

Организатори на BALKANNABIS EXPO се водечките активисти, истражувачи и професионалци кои помогнаа за реформите за канабис во Грција, работејки последните 15-тина години за разумна и интегрирана регулација на канабис фокусирана на заштита на пациентот / потрошувачот, превенција и намалување на штети, социјални бенефиции и претприемништво за канабис.

Поддржете го повторното раѓање на канабис културата во Грција и да покажеме како канабисот може да води до излезот од повеќедимензионалната криза.

За повеќе информации ве замолуваме контактирајте не на: info@balkannabisexpo.com

http://www.balkannabisexpo.com/ BALKANNABIS EXPO Business Presentation

Организатори: BALKANNABIS OE, Chalkokondyli 25, Athens 10672, Greece.


Share this entry

Comments


No comments to display for this post..

LEAVE A REPLY